Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен би сакал одбраната да ја засили со Уругваецот Роналд Араухо од Барселона, шпекулираат некои медиумите од Германија.
Познато е дека Барса му има фрлено око на Џошуа Кимих и оваа лето ќе се обиде да го ангажира, па Баварците имаат план како да го возвратат ударот. Араухо е еден од најстабилните играчи на Барса, важи за единствен кој успева да го запре Винисиус од Реал Мадрид, и за Каталонците не би било добро ако останат без него.
Договорот на Араухо е до 2026 година, тој никогаш нема кажано дека е незадоволен, па за Баерн купувањето на Уругваецот во моментов делува како невозможна мисија.