Атлетико Мадрид е блиску до комплетирање на трансферот на напаѓачот на Манчестер Сити и на Аргентина, Хулијан Алварез.
Се очекува Атлетико Мадрид да плати најмалку 70 милиони евра за трансферот на 24-годишниот напаѓач кој лани настапи на 54 натпревари во сите конкуренции, на кои постигна 19 голови и имаше 13 асистенции.
Договорот на Акварез со Сити е до летото 2028 година. Неговата пазарната вредност во моментов се проценува на 90 милиони евра.