Атлетико Мадрид му го нанесе првиот пораз на Интер во 2024 и го елиминираше во Лигата на шампиони, избраниците на Симеоне преку пенали до четвртфинале.
Димарко го донесе Интер во предност од 0-1 на „Ванда Метрополитано“, но Атлетико веднаш се врати и преку Гризман изедначи на 1-1.
Депај потоа ги крена навивачите на нозе кога одлично прими топка и ја затресе мрежата за 2-1 во 87. минута од мечот и го однесе натпреварот во продолженија.
Откако додатните 30 минути поминаа во игра без многу ризик, пеналите го одлучија патникот во четвртфинале, а таму Облак со две одбрани го предводеше Атлетико до славје и продолжување на настапот во Лигата на шампиони.