Фудбал

Атанасов: Се надевам на добар резултат со Италија

Атанасов: Се надевам на добар резултат со Италија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атансов вели дека е среќен што повторно ќе го носи националниот дрес, а напомена дека го радува фактот што во селекцијата се враќа Тихо Костадинов, кој поради тешка повреда долго време беше надвор од терените.

„Среќен сум што се враќаме во националниот тим, нè радува тоа што сите сме здрави и подготвени и посебно што во тимот се враќа Тихо Костадинов после долгата пауза поради повреда.  Нè очекува меч со Италија, натпревар кој очекувам да биде сосема поинаков од тој во Скопје. Се надеваме на успех, треба да бидеме компактни, желни за успех и се разбира да ги исполниме задачите на селекторот“, вели Атанасов.

foto:FFM

To top