Сагата околу Мохамед Салах и Ливерпул доби драматичен пресврт пред дуелот со Интер во Лигата на шампионите. Иако египетскиот фудбалер тренираше на последниот тренинг, тој не се најде во авионот за летот за Милано.
Според „Скај Спортс“, тренерот Арне Слот и Салах одржале состанок во текот на денот, а епилогот е – да остане дома!.
Причината лежи во бурните изјави што Салах ги даде по ремито против Лидс пред неколку дена.
Незадоволен од фактот што остана на клупата трет натпревар по ред, напаѓачот јавно го критикуваше клубот и тренерот, што предизвика огромна бура во јавноста, но и во соблекувалната.
Овој конфликт доаѓа во незгодно време за Ливерпул, кој се соочува со голема криза и во формата и во резултатите: само една победа во последните шест натпревари во сите натпреварувања.