Фудбалската федерација на Аргентина (АФА), како и повеќе клубови во земјата се под истрага поради сомневање за перење пари, јавија денеска светските агенции, повикувајќи се на полициски извори.
-Досега се извршени помеѓу 25 и 30 претреси во фудбалски клубови и приватни домови, рече изворот.
Според истиот извор, аргентинското правосудство ги истражува сметките на финансиската компанија Sur Finanzas, која ги спонзорира повеќето клубови во земјата, а беше спонзор и на аргентинската репрезентација во 2024 година.
Минатиот месец, компанијата, која ја води бизнисменот Луис Валехо, близок до претседателот на АФА, Клаудио Тапија, беше oсомненичен за даночно затајување во вредност од речиси половина милијарда евра.
Меѓу клубовите во кои се извршени претреси се Расинг Клуб, Индепендиенте, Банфилд и Сан Лоренцо.