Англија ја совлада вечерва Србија во Гелзенкирхен со минимални 1-0 (1-0) во натпревар од првото коло во групата Ц на Европското фудбалско првенство.
Во првото полувреме Англичаните беа подобриот противник и дојдоа до предност со голот на Џуд Белингем во 13. минута.
Мрежите мируваа во вториот дел во кој Србија одигра многу добро, имаше неколку добри ситуации и шанси, додека Англичаните се заканија само преку Хари Кејн, кој ја погоди стативата,
Во првиот натпревар во групата Ц, Данска и Словенија претходно денеска одиграа нерешено 1-1.