Трофејниот шпански стручњак Пеп Гвардиола би можел да ја преземе англиската репрезентација, но дури кога ќе му истече договорот со Манчестер Сити.
Тоа би се случило на крајот од претстојната сезона, односно во летото 2025 година кога веќе ќе бидат почнати и квалификациите за Светското првенство. Од Фудбаласката асоцијација (ФА) се надеваат дека Гвардиола нема да ја прифати понудата за нов договор и ќе го напушти Сити по девет години поминати во клубот.
До идното лето, на клупата би бил селектор како привремено решение, но не се спомнува кој би можел да биде тоа. Ако ваквото сценарио се оствари, Пеп Гвардиола би бил трет странски стручњак на клупата на англиската репрезентација, по Швеѓанецот Свен Горан Ериксон и Италијанецот Фабио Капело.