Фудбал

Андреа Белоти ја засилува Фиорентина

Андреа Белоти ја засилува Фиорентина

Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти после година и половина ја напушти Рома и се пресели во Фиорентина.

Белоти не добиваше голема минутажа во Рома, па доби дозвола од Де Роси слободно да си бара нов клуб.

Белоти се сели во Фиорентина на позајмица со крајот на сезоната. „Виолетовите“ за позајмицата ќе платат 750,000 евра, а во договорот нема опција за откуп по завршување на сезоната што значи дека фудбалерот ќе се врати во Рома.

To top