Фудбал Мотивација

Анчелоти: За секој навивач на Реал најважна е Лигата на шампиони

„Во оваа фаза од Лигата на шампиони, никој не е безбеден, секој секого може да победи“, изјави Анчелоти на официјалната конференција за новинари.

Анчелоти: За секој навивач на Реал најважна е Лигата на шампиони

Ако ги прашате навивачи на Реал за нив најважно натпреварување е Лигата на шампиони, изјави тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти пред вечерашниот старт на нокаут фазата во елитното европско клупско натпреварување.

Реал заврши првопласиран во групата во конкуренција со Наполи, Брага и Унион Берлин, а вечерва му гостува на Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналната пресметка со бундеслигашот.

„Во оваа фаза од Лигата на шампиони, никој не е безбеден, секој секого може да победи“, изјави Анчелоти на официјалната конференција за новинари.

Реал Мадрид во своите витрини има рекордни 14 европски титули, а последен пат триумфираше во Лигата на шампиони во сезоната 2021/22.

„Ќе се обидеме да направиме сè што е во наша моќ повторно да ја освоиме Лигата на шампиони, која ако ги прашате навивачите на Реал, е најважното натпреварување. Во него низ историјата имавме толку многу успеси и Лигата на шампиони секогаш одново силно нè мотивира“, рече Анчелоти.  (МИА)

To top