Фудбал

Анчелоти: Ние сме оптимисти за мечот со Манчестер Сити

Анчелоти: Ние сме оптимисти за мечот со Манчестер Сити

По извлекувањето на ждребката во фудбалската ЛШ својот став го изнесе тренерот на мадриѓани Карло Анчелоти.

„Не знам дали во Манчестер Сити се загрижени по ждрепката. Ние сме оптимисти, не се грижиме. Мора да играме со целосна верба. Во претходните години еднаш ги исфрливме, еднаш тие не исфрлија, па да видиме. 

Гладни сме, играме во одлична форма. Сите го гледаат Сити како фаворит бидејќи го освоија трофејот лани. Сепак, ние имаме самодоверба за добар резултат. Тоа што реваншот го играме на гости не ни е пречка. Четвртфиналето во ЛШ низ историјата се покажало тешко за многу клубови“, изјави Анчелоти.

To top