Фудбал Лига на шампиони

Анчелоти не кажува дали Реал е фаворит во финалето од ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не сакаше да каже дали неговиот тим е фаворит за финалето на Лигата на шампионите.

Анчелоти не кажува дали Реал е фаворит во финалето од ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не сакаше да каже дали неговиот тим е фаворит за финалето на Лигата на шампионите.

-Дали ние сме фаворити? Не размислуваме за тоа. Борусија покажа квалитет и заслужува да биде во финалето. Знаеме само дека ќе ни биде многу тешко и дека ќе треба да се бориме до крај, изјави Анчелоти на прес-конференција.

Претходно Анчелоти го коментираше изборот на составот на Реал Мадрид за финалето на Лигата на шампионите со Борусија.

-Имам една недела да размислам, очигледно имаме некои сомнежи. До петок ќе уживаме во овој момент, финалето. Ќе се подготвиме максимално за тоа и ќе се обидеме да победиме во натпреварот во сабота, рече Анчелоти.

На 1 јуни Реал ќе игра против Борусија Дортмунд во Лондон на „Вембли“ со почеток во 21 часот.

To top