Договорот на легендарниот фудбалер на Реал Мадрид Лука Модриќ со оваа екипа истекува на крајот од сезоната.
Има многу прашалници дали кариерата ќе ја продолжи во овој клуб, па вечерва, се чини, одговорот го даде тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
„Имав уште еден 40-годишник кој ја освои Лигата на шампионите – тоа е Паоло Малдини. Можам двајцата да ги споредам… Тоа не е случајно. Гените се важни за кариерата, но и ставот, посветеноста и професионализмот“.