Фудбал По 14 месеци притвор

Алвеш е ослободен со кауција од еден милион евра во очекување на жалбената одлука

Претходно беше објавено дека семејството Алвеш има намера да земе заем од 1 милион евра, кој е потребен за да се плати кауција на суд.

Алвеш е ослободен со кауција од еден милион евра во очекување на жалбената одлука

Адвокатите на поранешниот фудбалер на Севилја и  на Барселона, Дани Алвеш, платија кауција од еден милион евра. Фудбалерот е пуштен со кауција во очекување на жалбата по 14 месеци минати во притвор, објави „Marca“.

Претходно беше објавено дека семејството Алвеш има намера да земе заем од 1 милион евра, кој е потребен за да се плати кауција на суд.

На 22 февруари, судот во Барселона го осуди 40-годишниот Алвеш на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во каталонската престолнина во 2022 година.

Бразилецот добил наредба да плати и 150 илјади евра на жртвата во вид на морална отштета.  (МИА)

To top