Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез останува во Серија А, меѓутоа не во Интер, туку ќе игра за Удинезе.
Санчез од 2006 до 2011 година беше во редовите на Удинезе, а од таму замина во Барселона, играше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Марсеј и Интер.
35-годишниот крилен фудбалер стави потпис на двегодишен договор со Удинезе, поточно до 30 јуни 2026 година.