Фудбал ПСЖ

Ал-Хелајфи му кажал само два збора на Мбапе откако лично му открил дека си оди од ПСЖ

Килјан Мбапе (25) конечно донесе конечна одлука за својата иднина и ги извести челниците на ПСЖ дека го напушта клубот, а таквиот развој на ситуацијата не го изненади првиот човек на клубот.

Францускиот напаѓач му ја пренесе одлуката лично на претседателот Насер Ал-Хелајфи. Двајцата се сретнаа во вторникот и разговараа околу еден час.

Француската ѕвезда го уверила претседателот на ПСЖ дека сѐ уште нема потпишано со ниту еден клуб, но му признала дека преговара со Реал Мадрид.

„Го очекував тоа!“, бил кусиот одговор кој Насер Ал-Хелајфи му го дал на Килјан Мбапе.

Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Реал Мадрид веќе испратил понуда до Мбапе, кој може да преговара со кој било клуб бидејќи е во последните шест месеци од договорот со ПСЖ.

Романо тврди дека платата што му ја нуди Реал Мадрид на Килјан Мбапе е „многу помала“ од онаа што му ја понудил пред две години при претходните преговори.

Сега тоа би била годишна плата од 35 милиони евра, половина од она што Килјан Мбапе го добива од ПСЖ, но сепак се очекува Французинот следната сезона да го носи дресот на Реал.

To top