Читач на усни, производ на вештачката интелигенција, откри, ако може да се верува, што Хоакин Феникс наводно и рекол на Лејди Гага откако премиерно го прикажувале нивниот нов филм Џокер 2.
Видеото се шири на социјалните мрежи, а многумина се обидоа да откријат што си кажале.
someone should use that ai lip reader that i keep seeing on here to figure out what they were saying….it almost looks like joaquin said, “it’s horrible” pic.twitter.com/G16qhasgJT
— 💙🛟 (@Modern_Ecstasy) October 7, 2024
Иако Феникс главно беше свртен со грбот кон камерата, се чини дека филмот не му се допаднал. Феникс го нарече „ужасен“, додека Гага инсистира дека не е така. Феникс продолжи да разговара со неа за тоа како крајот „можел да биде поинаков“, додека Гага тврди дека „го сака филмот“.
— j (@gagagraygaga) October 7, 2024
Имено, публиката и критичарите се најмногу разочарани од филмот Џокер: Лудило за двајца. Мјузиклот на Тод Филипс доби оцена D од CinemaScore, која ги оценува филмовите врз основа на анкети спроведени по премиерата на филмот.
Според ComicBook, ова е еден од ретките случаи кога и критичарите и публиката го делат истото мислење за филм инспириран од стриповите на DC – има рејтинг од 33% на Rotten Tomatoes врз основа на критиките на критичарите и 31% врз основа на просечната публика.