ТВ и Филм

ВИДЕО: По 30 години откриена мистеријата – Ова е вистинското значење на познатата песна од „Кралот лав“

ВИДЕО: По 30 години откриена мистеријата – Ова е вистинското значење на познатата песна од „Кралот лав“

Потребни беа повеќе од три децении за пошироката јавност целосно да ја разбере магијата на песната во култниот анимиран филм „Кралот лав“.

Анимираниот филм на Дизни од 1994 година го следи младиот лав, принцот Симба, кој е протеран од своето кралство по трагичното убиство на неговиот татко. Неговото патување за враќање на украдениот престол, во комбинација со трогателна музика и шарена приказна, ги плени гледачите со децении.

Дури неодамна многу обожаватели ги дознаа деталите за песната „The Circle of Life“, која го отвора познатиот филм, благодарение на комичарот Лернмор Јонаси, кој беше гостин во подкастот One54.

Овој подкаст ја истражува и слави африканската култура, приказни и достигнувања, а во една од епизодите водителите зборуваа за ремек-делото на Дизни.

Комичарот објасни сè

За време на разговорот, Јонаси го објасни текстот на песната во наједноставна форма, предизвикувајќи шок и неверување.

Почетокот на песната- Nants ingonyama bagithi baba – на зулу јазикот всушност значат: „Види, тоа е лав“.

Сепак, поединци тврдат дека Јонаси „хумористично ги поедноставил работите“ и дека вистинското значење е многу подлабоко и културно значајно. Во традицијата на Зулу, како што велат, песната е еден вид ритуално пеење – поздрав до кралот на природата и признавање на циклусот на животот – Кругот на животот.

Моментот стана вирален, додека обожавателите продолжуваат да истражуваат и откриваат богатството на детали во еден од најзначајните анимирани филмови на сите времиња.

To top