„War Machine“, новиот научно-фантастичен акционен филм во кој глуми Алан Ричсон, моментално е најгледан филм на Нетфликс и ја освојува публиката низ целиот свет.
Има 39.300.000 прегледи, според официјалните податоци што го опфаќаат периодот од 2 до 8 март.
„War Machine“, во режија на Патрик Хјуз, ги следи последните регрути од исцрпувачки камп за обука на специјалните сили додека се среќаваат со смртоносна сила надвор од овој свет.
Во филмот глумат и Денис Квејд, Стефан Џејмс, Џаи Кортни и Есаи Моралес. Ричсон го игра наредникот бр. 81, ветеран од Авганистан со ПТСН кој има проблеми со поврзувањето со другите кандидати и ја одбива позицијата водач на атлетскиот тим и покрај неговото искуство.
За време на последната вежба, тимот е затекнат од експлозија на небото пред да најдат нешто што изгледа како летало во поток. Сепак, откако го детонираат со експлозив, тоа се трансформира во машина која оди и убива се’ пред себе.
„War Machine“ имаше солидно деби и кај публиката и кај критичарите. Критичарите го оценија со 69 проценти на Rotten Tomatoes, а публиката со 73 проценти.