ТВ и Филм

ВИДЕО: Објавен трејлерот за четвртата сезона од „Емили во Париз“ – Едно нешто на фановите особено не им се допаѓа

Како што можеме да видиме, не’ очекуваат нови авантури на главните ликови од оваа продукција, предводени од Лили Колинс во улогата на Емили Купер.

ВИДЕО: Објавен трејлерот за четвртата сезона од „Емили во Париз“ – Едно нешто на фановите особено не им се допаѓа

Наскоро на Нетфликс доаѓа четвртата сезона од серијата „Емили во Париз“, а објавен е и првиот трејлер. Како што можеме да видиме, не’ очекуваат нови авантури на главните ликови од оваа продукција, предводени од Лили Колинс во улогата на Емили Купер.

Сепак, има едно нешто што особено не им се допаѓа на фановите. А тоа е дека четвртата сезона е „поделена“ на два дела. Првиот дел е на 15 август, вториот на 12 септември.

-Престанете да ги делите сериите на делови. Досадно е не само да чекате, туку и веќе да заборавите што се случи во последниот дел, „И опсесијата на Нетфликс да ги разделува сериите на делови продолжува!!“, беа дел од коментарите.

Алфи или Габриел, или можеби некоја нова љубов. Животните ситуации на Емили и нејзините избори погледнете ги во трејлерот во продолжение.

To top