На интернет се појавија фотографии на кои актерот Џони Деп е речиси непрепознатлив. Тој е целосно избричен, со изразено седава коса и впечатлива шминка која го прави значително постар, додека протетиката на носот дополнително ги променила цртите на неговото лице.
Целосната трансформација е поради главната улога во филмот „Ебенизер: Божиќна приказна“ (Ebenezer: A Christmas Carol).
Новата адаптација на прочуената приказна за Дикенс е потпишана од режисерот Тај Вест, а љубителите на филмот со нетрпение го очекуваат легендарниот лик Ебенизер Скруџ, кој пред неколку децении остави силен белег во филмската историја, во улога на Џони Деп.