Џорџ Клуни и Адам Сендлер беа наградени со речиси 9-минутни овации по премиерата на „Џеј Кели“ на Филмскиот фестивал во Венеција.
Клуни синоќа прошета по црвениот тепих со својот колега Адам Сендлер, а по промоцијата на филмот беа наградени со громогласен аплауз. По премиерата се појавија шпекулации дека „Џеј Кели“ би можел да биде главен кандидат за Оскар.
View this post on Instagram
Во филмот „Џеј Кели“, Клуни игра стара филмска ѕвезда, додека Сендлер го игра неговиот менаџер кој жртвувал сè за својот клиент.
Додека публиката аплаудираше, Клуни се наведнуваше и ја бакнуваше својата сопруга Амал. Тој, исто така, ги прегрна Сандлер, режисерот на филмот Ноа Баумбах и колешката Лора Дерн.
Слоганот на филмот е „Сите го познаваат Џеј Кели, но Џеј Кели не се познава себеси“, а Клуни ја опиша својата улога како најранлива во неговата кариера.
-Кога си актер на мојата позиција, на мои години, наоѓањето вакви улоги не е многу вообичаено. Ако не можеш да се помириш со стареењето, тогаш мора да се повлечеш од бизнисот и едноставно да исчезнеш. Сега сум тип што го брка негативецот, тоа е смешно и не е напнато. Тоа е во ред. Сето тоа го прифаќам, изјави Клуни за „Венити фер“ пред премиерата.
Покрај тоа, филмот „Џеј Кели“ беше првата премиера на Сендлер на Филмскиот фестивал во Венеција.