ТВ и Филм „Longlegs“

Само за обожавателите на ХОРОР: Погледнете ја најавата за новиот филм со Николас Кејџ (ВИДЕО)

Продуцентите Кен Као и Џош Розенбаум го пофалија Кејџ во интервју за „Screen Rant“, велејќи дека тоа е една од неговите најдобри изведби во хорор филм.

Само за обожавателите на ХОРОР: Погледнете ја најавата за новиот филм со Николас Кејџ (ВИДЕО)

„Studio Neon“ конечно го објави трејлерот за претстојниот хорор-трилер „Longlegs“, во кој главните улоги ги толкуваат Николас Кејџ и Маика Монро.

Во филмот, Монро ја игра агентката на ФБИ, Ли Харкер, која се обидува да фати сериски убиец кој се претставува како Лонглес (Николас Кејџ). Целиот случај се комплицира кога Харкер открива докази кои го поврзуваат убиството со окултизмот.

Продуцентите Кен Као и Џош Розенбаум го пофалија Кејџ во интервју за „Screen Rant“, велејќи дека тоа е една од неговите најдобри изведби во хорор филм.

Според „Screen Rant“, критичарите кои имале шанса да го погледнат филмот пред премиерата напишале дека „Longlegs“ ги потсетува на култниот хорор филм „The Silence of the Lambs“ и дека ова е еден од најдобрите хорор филмови за 2024 година.

To top