ТВ и Филм

Објавувањето на номинациите за Оскар е одложено поради пожарите во Лос Анџелес

Имено, Академијата за филмски уметности и науки изрази загриженост за многу свои членови погодени од пожарите, особено во областа Пацифик Палисадес каде бројни познати личности ги загубија своите домови.

Објавувањето на номинациите за Оскар е одложено поради пожарите во Лос Анџелес

Објавувањето на номинациите за Оскар е одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес, а соодветно на тоа е продолжен и периодот на гласање за филмовите кои ќе влезат во потесниот круг.

Имено, Академијата за филмски уметности и науки изрази загриженост за многу свои членови погодени од пожарите, особено во областа Пацифик Палисадес каде бројни познати личности ги загубија своите домови.

Според тоа, објавувањето на номинациите за 97. Оскари сега е одложено од 17 јануари на 19 јануари, а гласањето е соодветно продолжено. Извршниот директор Бил Крамер испрати писмо до сите членови на Академијата.

-Почитувани членови на Академијата, сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до погодените од разорните пожари низ Јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во областа Лос Анџелес, а ние мислиме на вас, рече тој на почетокот на своето обраќање.

Со оглед на ситуацијата со пожарот, тие го продолжија рокот за гласање и ги ажурираа информациите за проекциите на потесниот избор за Оскар, а ги одложија подготовките и го затворија Музејот на Академијата.

-Гласањето за номинации за 97. Оскари започна утрово во 9 часот по Пацифичко време. Ќе го продолжиме рокот за гласање за два дена за да им дадеме на членовите повеќе време да го дадат својот глас. Гласањето сега ќе заврши во вторник, 14 јануари, нашата објава за номинации за Оскар ќе биде поместена од петок во недела, 19 јануари, објасни тој, додавајќи дека наскоро ќе објави дополнителни информации.

Проекцијата на меѓународниот игран филм кој требаше да се одржи вечерва во Лос Анџелес ќе се одложи за друг ден од неделата.

To top