ТВ и Филм гледачите во неверување

Новата серија на Нетфликс ја нарекуваат „најлудата“: Заснована е на вистинско злосторство

Серијата од три дела се фокусира на случајот наречен „Исчезната девојка од вистинскиот живот“ – приказна за киднапирање на жена и одбивањето на полицијата да верува дека тоа е легитимно.

Новата серија на Нетфликс ја нарекуваат „најлудата“: Заснована е на вистинско злосторство

„American Nightmare“ е нова серија на Нетфликс базирана на вистинска криминална приказна, која ги остави гледачите во неверување поради постапките на властите.

На почетокот на оваа недела Нетфликс ја објави серијата, што е најновото издание на креаторот на поранешниот хит „The Tinder Swindler“, кој беше објавен во февруари 2022 година.

Серијата од три дела се фокусира на случајот наречен „Исчезната девојка од вистинскиот живот“ – приказна за киднапирање на жена и одбивањето на полицијата да верува дека тоа е легитимно.

Имено, во 2015 година, натрапник провалил во домот на Дениз Хаскин и нејзиното момче Арон Квин во Валехо, Калифорнија и ги издрогирал двајцата пред да ја киднапира Хаскинс и да ја задржи за откуп.

Кога Квин се обратил до полицијата за помош, тој бил шокиран кога открил дека не му се верува – и набргу бил осомничен дека е одговорен за нејзиното исчезнување.

Во тоа време, случајот беше споредуван со „Gone Girl“, најпродаваниот роман на Џилијан Флин кој беше адаптиран во филм од 2014 година со Бен Афлек и Розамунд Пајк во главните улоги.

Гледачите ја опишаа новата продукција како „најлудата“ серија на Нетфликс со вистински криминал до сега.

Најнови вести од ТВ и Филм

To top