ТВ и Филм

На 100 години почина најстарата актерка на светот – познатата Мери Попинс

На 100 години почина најстарата актерка на светот – познатата Мери Попинс

Глинис Џонс, можеби најпозната по споредната улога во класиката „Мери Попинс“ од 1964 година, како дамата со британски шарм и мајката – феминистка Винифрд Бенкс, почина на возраст од 100 години.

Глинис Џонс ја достигна јубилејната и престижна „стотка“ само пред неколку месеци. Родена е на 5 октомври 1923 година во Преторија, Јужна Африка, во уметничко семејство. Како мултиталентираната глумица, танчерка, пијанистка и пејачка, Џонс заработи номинација за „Оскар“ за најдобра споредна женска улога во филмот „Бесконечни хоризонти“ (’The Sundowners,’ 1960.) на Фред Зинеман.

Има уште две номинации и две награди за глума – „Лорел“ за споредна улога во „Мери Попинс“ и признанието на американскиот Национален одбор за преглед за „49. паралела“ од 1942 година.

Џонс зад себе има околу 90 филмски и ТВ-остварувања, а се пензионира 1999 година. Таа живеела во Западен Холивуд и починала вчера од природна смрт во дом за изнемоштени во областа, изјави нејзиниот менаџер Мич Клем.

Најнови вести од ТВ и Филм

To top