ТВ и Филм 007

ФОТО: Изненадувањето е големо: Ова е најголемиот фаворит кој треба да го глуми Џејмс Бонд

Ирскиот актер Килијан Марфи (47) е главен фаворит за главната улога во филмскиот серијал за тајниот агент Џејмс Бонд, пишуваат британските медиуми.

Според обложувалниците, кои предвидуваат кој ќе ја добие таа престижна улога, неговата номинација и потенцијалната статуетка на годинашните Оскари многу ќе му помогнат на тој пат.

Популарниот актер ги освои срцата на филмофилите со својата извонредна изведба во филмот „Опенхајмер“ („Oppenheimer“), а шпекулациите дека тој ќе го наследи Даниел Крег постојат веќе подолго време.

Харизмата и талентот на Марфи го привлекоа вниманието на продуцентите на Џејмс Бонд, кои се во потрага по нов главен протагонист на франшизата.

„Во моментов, Килијан е еден од најомилените актери во Холивуд, а улогата на Џејмс Бонд би била врв на неговата кариера“, открил изворот и посочил дека актер како него е потребен за „легендарната филмска франшиза да се подигне на ново ниво”.

Сепак, работата на 26. филм за тајниот агент на писателот Ијан Флеминг ќе започне најрано кон крајот на следната година.

To top