ТВ и Филм агент 007

Која ќе биде? Овие две актерки во трка за новата Бонд девојка

Сепак, упатени извори сега посочуваат дека всушност во трката за девојката на Бонд се две актерки Зендаја и Сидни Свини.

Која ќе биде? Овие две актерки во трка за новата Бонд девојка

И покрај тоа што актерот Арон Тејлор-Џонсон се уште не е официјално потврден како новиот Џејмс Бонд, сега целото внимание е насочено кон тоа која ќе биде новата Бонд девојка.

Пред неколку недели, неколку медиуми тврдеа дека три актерки се во игра за следната Бонд девојка, а тоа се Мишел Киган, Џоди Комер и Каја Скоделарио.

Сепак, упатени извори сега посочуваат дека всушност во трката за девојката на Бонд се две актерки Зендаја и Сидни Свини.

Извор открива повеќе детали за рестартираната франшиза за Бонд.

Како прво, извршната продуцентка Барбара Броколи наводно сака помлада актерка да игра „фатална улога“.

Изворот вели дека франшизата со нетрпение очекува да има помлад Бонд, што би резултирало со избор на различни млади ѕвезди како негови љубовни интереси на екранот, пишува Јаху.

Свини и Зендаја имаа голем успех во нивните кариери, особено во изминатата година. Свини глумеше во филмот „Anyone But You“ – романтична комедија која неочекувано стана еден од најголемите хитови на бокс офисот минатата година.

Во случајот со Зендаја, таа глуми во филмот „Дина II“, а наскоро ќе излезе и филмот „Предизвикувачи“ во кој таа ја игра главната улога.

To top