ТВ и Филм видео

Филмот за легендарниот Дражен Петровиќ наскоро на Нетфликс

Филмот „Дражен“ носи емотивен приказ на патувањето на една од најзначајните спортски фигури на овие простори, неговите победи и наследство кое инспирира генерации.

Филмот за легендарниот Дражен Петровиќ наскоро на Нетфликс

Филмот „Дражен“, кој го следи животот на легендарниот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ, од утре, 5-ти февруари, ќе може да се види на Нетфликс.

Филмот „Дражен“ носи емотивен приказ на патувањето на една од најзначајните спортски фигури на овие простори, неговите победи и наследство кое инспирира генерации.

Филмот ги прикажува сите фази од животот на Дражен Петровиќ, од растењето во Шибеник со неговото семејство, играњето за кошаркарските клубови Шибеник, Цибона, Реал Мадрид, Портланд Трејл Блејзерс и Њу Џерси Нетс, воениот период, романтичните врски, па сè до неговата несреќна смрт во сообраќајна несреќа во 1993 година.

Филмот „Дражен“ го режираше Данило Шербеџија, а сценариото го напиша Иван Турковиќ-Крњак. Главната улога на Дражен Петровиќ му припадна на младиот загрепски актер роден во Љубушки, Домагој Нижиќ, кој се истакнува со слична градба и неверојатна посветеност на улогата.

To top