ТВ и Филм убава сума нудат

Американска компанија бара лица кои ќе изгледаат 25 божиќни филмови за 25 дена, а ќе бидат платени вртоглава сума на пари

Божиќните филмови се можеби омилениот дел од овој период во годината. Навистина е посебно чувството кога ќе се стуткаме под ќебе, ќе земеме топол пијалак и грицки и ќе ги гледаме добропознатите празнични филмски наслови со нашите најдраги.

Оваа ситуација нѝ е толку пријатна што никогаш не би нѝ паднало напамет дека би можеле да бидеме платени за тоа. А токму таков оглас за работа објави компанијата CableTV.com, која на избраните среќници им нуди дури 2500 долари или 2334 евра за да погледнат 25 божиќни филмови за 25 дена.

Покрај тоа, избраните ќе добијат и едногодишна претплата за седум стриминг сервиси – „Netflix“, „Hulu“, „Disney+“, „Amazon Prime“, „Max“, „Apple TV+“ и „Hallmark Movies Now“.

Позицијата се нарекува „Chief of Cheer“, а по гледањето на избраните наслови ќе треба да ги оцените. Содржината, целокупното празнично чувство и нивото на носталгија се главните критериуми што професионалните гледачи на филмови ќе треба да ги земат предвид при оценувањето.

Маркетинг директорот Гарет Бригс вели дека се пресреќни што нивната традиција заживеала и дека би сакале да им покажат на гледачите дека работата од соништата навистина постои. Традицијата започнала за време на пандемијата, со цел, барем накратко, на луѓето да им се обезбедат посреќни празници и да се направи барем мала разлика во свет во кој многу луѓе напорно работат за да постигнат основна егзистенција.

За да бидете кандидат, треба да имате 18 години и адреса во САД, како и да имате своевидна опсесија со божиќните светилки и божиќните филмови, на големо разочарување на сите Европејци.

To top