Легендарниот музичар Здравко Чолиќ своевремено соработуваше со поранешниот менаџер на „Забрането пушење“, Драган Кики Зуровaц, а тој сега откри непознати детали за пејачот.
Како што истакна, по работата со Чолиќ му останал “горчлив вкус во устата“, а еве зошто.
-Моето најголемо разочарување е Здравко Чолиќ. Тој никогаш не заработил ниту еден динар. Немаше, а грдо е да се каже, но сега зборувам… Се обиде да направи концерти и тогаш Бреговиќ рече нешто како: „Ајде, пробај“. Сепак, сето тоа не успеа, истакна Кики.
-Тогаш имаше 51 година, а последните 10 години на грб го држеше момче. Никој од Сараево никогаш не се дружел со Чолиќ, ниту пак тој живеел таму. Последните 30 години пееше за да преживее во таа страшна војна, но не можеше, вели поранешниот негов менаџер.
Во 1999 година, тврди, дека тој го вратил на сцената.
-Човекот заработи 350.000 марки, му дадоа кеш за да ги врати долговите на човек од Босна и неговиот брат кои позајмиле пари од лихвари. Подготвив бизнис кој допрва требаше да донесе милиони. Сè уште важи за најбогат пејач, а никогаш немал, никогаш пред тоа не заработил ни динар, изјави еднаш Кики.