Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ со пет концерти за шест дена, е рекордерка во исполнување на загрепската Арена. Во тој период низ Арената поминале околу 90.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми, а со тоа заработувајќи и 2,5 милиони евра.
Сепак, како што тврди еден корисник на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), секој осми жител на Загреб ја слушал Прија, што е, исто така, незабележано досега.
Александра Пријовиќ ја гледал секој осми жител на Загреб – се наведува, меѓу другото, во твитот на овој корисник.
Да потсетиме, поради Пријовиќ, хотелите и апартманите во Загреб беа преполни, а поради еуфоријата што владееше, беа закрчени и улиците, а се „родиле“ и нови бизнис идеи. Така, на патот од Славонија на обожавателите им дале одлична понуда: Да ги земат од дома, да ги однесат до арената, а потоа да ги вратат дома, и тоа за 50 евра.
Уште пред да го објавам превозот, добив многу барања. Навистина ме „шамараа“ со пораки – вели сопственик на компанија за превоз на патници од Славонија.
Цените за групи биле малку пониски, но се вртеле околу 50 евра. За 16 патници по концерт заработил 800 евра. За пет дена нивната заработка била околу 4.000 евра, а кога ќе се одземе трошокот за гориво, сумата е 3.500 евра. Тоа била претежно женска клиентела.
Пријовиќ, сепак, најмногу ја слушале сите оние кои работеле на овие пет концерти во загрепската Арена. Обезбедување, девојките задолжени за гардероба и келнери. Во гардеробата имало 50 луѓе, за обезбедувањето биле задолжени 220 луѓе, а келнери 180, велат организаторите.
„Прекрасно си поминавме, многу ја сакаме Прија. Имаше многу бакшиш. Најмногу се нарачуваше пиво, а од жесток алкохол – виски и џин“, рекле девојките од гардеробата..