Познати

За нејзиниот бурен љубовен живот се пишува постојано, но не и за ова – Јелена Розга за првпат ги покажа родителите, никогаш нема да поверувате чија копија е (ФОТО)

За нејзиниот бурен љубовен живот се пишува постојано, но не и за ова – Јелена Розга за првпат ги покажа родителите, никогаш нема да поверувате чија копија е (ФОТО)

Јелена Розга има кариера на која многумина можат да и позавидат. Првиот професионален успех го постигна во групата „Магазин“, потоа успеа да оствари завидна соло кариера, а вчера ја наполни до последното место и Арената Борис Трајковски во Скопје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Розга е една од ретките јавни личности која не е предмет на скандали, а многу малку се знае за нејзиниот приватен живот.

Сепак, нејзиниот љубовен живот е многу интересен. Ја поврзуваа со многу мажи, а јавно проговори само за врската со Стјепан Хаузер, која, за жал, заврши.

Таа, исто така, ретко зборува за нејзините родители, кои ѝ биле ветер во грбот во текот на целиот живот.

Сепак, таа призна дека тие се одговорни за тоа што никогаш не „кренала нос“.

– Сето тоа доаѓа од дома, имам прекрасни родители кои секогаш ме учеа да останам фин, никогаш да не го кревам носот високо.

Конечно, имам прекрасна работа, среќенa сум што го работам тоа што го сакам. Имав среќа да дојдам во „Магазин“ како дете.

Останатото не е среќа, туку многу труд, дисциплина и труд што ги вложив во последните дваесет години од мојата кариера – изјави Розга, која неодамна за прв пат покажа како изгледаат нејзините родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

„Една минута од моето срце“, рекла Јелена во описот на заедничката фотографија.

Најнови вести од Познати

To top