Познати Подготвена да стане баба, не мајка

Вистината е тажна: Софија Вергара конечно откри зошто се разведе од саканиот

Тие го кажаа судбоносното „да“ во ноември 2015 година.

Вистината е тажна: Софија Вергара конечно откри зошто се разведе од саканиот

Веста за разводот на актерката Софија Вергара и Џо Манганиело минатата година ги шокираше нивните обожаватели ширум светот, а колумбиската актерка сега во интервју за шпански „Ел Паис“ ја откри причината за неочекуваниот крај на љубовта.

-Бракот ми се распадна бидејќи Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебето. Почитувам кој и да го прави тоа, но тоа веќе не е за мене. Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка, изјавила таа.

За потсетување, Софија Вергара и Џо минатата година објавија дека се разведуваат по седум години брак.

-Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека преминуваме во оваа нова фаза од нашиот живот, наведоа во заедничката изјава за медиумите.

Актерот со хрватско потекло ја запроси ѕвездата од „Модерно семејство“ на Бадник 2014 година на Хаваи за време на зајдисонце. Поминаа шест месеци откако почнаа да излегуваат.

Тие го кажаа судбоносното „да“ во ноември 2015 година.

To top