Зорица Брунцлиќ и Мирољуб Аранѓеловиќ Ќемиш живеат во вистински рај на земјата, пренесуваат српските медиуми.
Нивната куќа е оградена со големи ѕидови од надвор, а секој детаљ во дворот и внатрешноста е осмислен од нив двајца.
Во вилата има теретана, базен и соби за друштвени игри, а таму Ќемиш поминува најмногу време со пријателите, а самата соба има и слот апарат за играње со карти, телевизор за разни игри како и билјард маса.
Спалната соба на Зорица и Ќемиш е нешто сосема посебно, од неа се влегува во огромен тоалет со џакузи како и посебни пешкири со иницијалите „З“ и „Ќ“, две бидеа, две лабавоа како и две тоалет шолји.
Постои и посебна соба за сите нивни награди и признанија кои ги добиле во текот на нивната кариера.