Познати

ВИДЕО: Вилијам и Кејт блеснаа на БАФТА, но непријатно прашање ги пречека на црвениот тепих

ВИДЕО: Вилијам и Кејт блеснаа на БАФТА, но непријатно прашање ги пречека на црвениот тепих

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување не беше без свои подеми и падови. Тие на црвениот тепих се појавија само три дена откако се одекна веста дека чичкото на Вилијам, Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.

За БАФТА наградите Вилијам избра бордо кадифено сако, додека Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без толпа, но еден глас одекна. Модно беспрекорни и со стил, но во втор план.

Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“, на што Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.

Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.

Најнови вести од Познати

To top