Познати

ВИДЕО: Тајно се омажи манекенката Данијела Димитровска, најави голема прослава

ВИДЕО: Тајно се омажи манекенката Данијела Димитровска, најави голема прослава

Манекенката Данијела Димитровска тајно се омажи за Црногорецот Јеврем Косаниќ, кој е 6 години помлад од неа. Ова е нејзин втор брак, таа е поранешна сопруга на водителот Огњен Амиџиќ со кој го има синот Матеја.

По црковната венчавка, двојката одржа интимна прослава во еден белградски ресторан, а Данијела блесна во елегантен, моќен фустан кој ги остави сите без зборови.

За нејзиниот посебен ден, таа носеше бел фустан од Викторија Бекам кој чини околу 1.300 евра. Станува збор за модел кој ја следи линијата на телото, што дополнително ја истакна витката фигура на манекенката.

Изгледот го надополни со елегантни бели чевли со сребрени детали, кои се креација на дизајнер од Полска кој го обожаваат холивудските ѕвезди како Лејди Гага и Кети Пери. Нивната цена е 1.400 евра.

– Моето засекогаш да, 27.01.2026. Тивко, во мал круг. Наскоро сите ќе славиме заедно – напиша Данијела.

To top