Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса која се одржа во Сандрингем, а меѓу присутните беа и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со нивните деца.
View this post on Instagram
По мисата, видеото од Кејт како разговара со толпата која дошла да ги поздрави членовите на кралското семејство стана вирално на социјалните мрежи. Додека таа разговарала со луѓето, ја чекале принцот Вилијам и децата, кои се поздравиле и добиле подароци.
Кога сфатила дека ја чекаат, се пошегувала и рекла: „Ми се чини дека го изгубив семејството“.
View this post on Instagram
На видеото се гледа како принцот Вилијам го крева телефонот, а многумина коментираат дека е можно да и се јавил на Кејт и да и рекол да побрза. Некои забележале дека еден член од обезбедувањето, кој стоел зад Кејт, исто така зборува на својот мобилен, па се посомневале дека Вилијам му се јавил со упатства Кејт да побрза и да се поздрави.