Познати

ВИДЕО: Откриена долго чуваната тајна на Лејди Гага, сите зборуваат за оваа снимка со францускиот премиер

ВИДЕО: Откриена долго чуваната тајна на Лејди Гага, сите зборуваат за оваа снимка со францускиот премиер

Поп пејачката направи музички спектакл во Париз за време на официјалното отворање на Олимписките игри. После тоа, таа верно го следеше остатокот од програмата од трибините во друштво на францускиот премиер Габриел Атал.

Популарната пејачка срдечно го прегрна премиерот, а потоа му ја откри својата добро чувана тајна. Имено, како што пренесуваат странските медиуми, Гага актуелниот премиер на Франција го запознала со својот долгогодишен партнер, односмо вереникот.

-Ова е мојот вереник, Мајкл, му рекла Гага на францускиот премиер додека го запознала со Мајкл Полански.

Веста дека Гага има нов вереник со месеци кружи на интернет, но пејачката никогаш јавно не ја објави оваа информација.

Најнови вести од Познати

To top