Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ја посети болницата „Ројал Марсден“ за лично да се заблагодари на персоналот кој се грижел за неа за време на нејзиното лекување од рак, а во емотивната објава што следеше, таа откри дека моментално е во ремисија.
Принцезата од Велс разговараше со вработените и пациентите во болница во Лондон во важен момент од нејзиното „лично патување“.
За првпат, како што објавија британските медиуми, таа рече дека е во ремисија по дијагнозата во февруари минатата година и последователниот третман, а откри и како се прилагодува на „новата норма“ и како се радува на годината што претстои. Да се биде во ремисија на рак значи дека ракот е под контрола и реагира на третман.
-Сакав да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на болницата „Ројал Марсден“ и на персоналот што се грижеа за мене во текот на изминатата година. Мојата искрена благодарност оди и за оние кои тивко чекореа до Вилијам. Како што поминавме низ се, не можевме да бараме повеќе од тоа, вели Кејт.
View this post on Instagram
Пристигнувајќи на влезот, Кејт, која беше облечена во долг темно кафеав капут, им рече на новинарите: „Штотуку реков, да се влезе на предната врата тука, по толку тивки приватни посети, всушност е многу убаво“.
Внатре во болницата, таа поминала еден час разговарајќи со персоналот и пациентите.