Познати

ВИДЕО: Кејт Мидлтон се огласи за првпат откако откри дека боледува од рак – „Пренесете го моето извинување“

Ова е првпат таа да се огласи откако во март оваа година откри дека има рак.

ВИДЕО: Кејт Мидлтон се огласи за првпат откако откри дека боледува од рак – „Пренесете го моето извинување“

Иако Кејт Мидлтон (42) ја пропуштила пробата за Trooping the Colour, принцезата напишала писмо до ирските гардисти кои годинава, според долгогодишна традиција, му ги подаруваат своите бои на кралот, пишува Дејли Мејл.

Ова е првпат таа да се огласи откако во март оваа година откри дека има рак.

-Сакав да ви пишам писмо затоа што знам дека знаете колку сум горда на целиот полк. Го ценам сето она што тие го вежбаа со месеци оваа година за Trooping the Color и посветија часови и часови да ги направат нивните вежби беспрекорни. Да се биде ваш полковник, ми е чест и многу ми е жал што не можам да ве поздравам на овогодинешната смотра, се вели во писмото на Мидлтон.

Ве молам пренесете го моето извинување до целиот полк, се надевам дека ќе можам повторно да ве претставувам многу наскоро. Испратете ги моите најдобри желби и среќа на сите вклучени, рече принцезата од Велс во писмото што им го прочита на членовите полковник од ирската гарда, кој објави видео на Твитер.

To top