Пејачот Лијам Пејн е виден како се расправа со непозната жена за пари во фоајето на хотелот Каса Сур, само неколку часа пред да падне од балконот на хотелот во Аргентина и да почине.
Поранешниот пејач на One Direction почина откако падна од третиот кат во хотелот Каса Сур во Буенос Аирес, а гостите на хотелот споделија застрашувачки спомени од моментите пред неговата смрт, вклучувајќи го и „неговото агресивно однесување“ и „врескање“, објави Дејли Мејл.
Мајкл Флешман од САД, кој исто така престојувал во тој хотел, изјавил дека пејачот само три часа пред смртта изгледал „агресивно“ и се скарал со неименувана жена поради пари.
Флешман изјавил дека Пејн ѝ го повторувал истото на непозната жена:
„Ќе ти дадам 20.000 долари само затоа што можам. Имам 55 милиони долари и сакам да им помагам на луѓето“, изјави тој за Дејли Меил.
Ситуацијата ја опишал како „многу напната“, а жената зборувала на шпански со менаџерот на хотелот, кој нејзините зборови ги преведувал на пејачот. Тој додаде дека Пејн изгледал многу вознемирен, мафтајќи со рацете и шетајќи наоколу.
Истиот извор вели дека жената со која се расправала Пејн била многу непријатна и изгледала исплашено.
Друг сведок, жена која се идентификувала како Ребека од Вашингтон, која исто така престојувала во хотелот и се запознала со Пејн, изјавила за Дејли Меил дека тој се однесувал „малку бизарно“ во текот на целиот период.
Таа рече дека еден од нејзините пријатели требало да биде во собата во кој престојувал Пејн, но пејачот се одјавил дури попладне, иако тоа требало да го направи до 11 часот.
Таа додаде дека персоналот на хотелот бил многу нервозен, особено поради настаните што следеле.
-Тој лежеше на софата во ходникот, а личноста која беше со него се обидуваше да го убеди да влезе внатре. Не сакаше и во еден момент изгледаше како да се онесвести. Не знам што се случи следно, но една од девојките рече дека во еден момент тој рекол: „Бев во машки бенд, затоа сум толку лут. Го тресна лаптопот на подот, рекла Ребека.
Лијам Пејн почина на 31-годишна возраст, а според последните информации полицијата ја истражува неговата смрт.