Филмската ѕвезда проговори за Би-Би-Си за блиската смрт, онлајн запознавање и етикетата секс симбол.
Шерон Стоум се расплака кога во интервјуто беше прашана што би и рекла сега на помладата верзија од себе.
-Ќе успееш. Не знаеш, но ќе успееш. Толку пати посакувам да го знаев тоа. Кога лежев на подот и не можев да повикам брза помош. Кога дојдов дома од болница и прочитав во списанието People дека нема да знаеме 30 дена дали ќе живеам или ќе умрам, вели Шерон.
View this post on Instagram
Нејзината артерија пукна и предизвика мозочно крварење и мозочен удар.
Стоун вели дека и биле дадени еден процент шанса за преживување и морала повторно да ги научи најосновните дејства како одење и зборување.
Таа ги наведува предизвиците со кои се соочува оттогаш, вклучувајќи ги финансиските проблеми и битката за старателство со поранешниот сопруг Фил Бронштајн над нивниот посвоен син Роан.
По „Ниски страсти“, Стоун освои Златен глобус и номинација за Оскар за најдобра женска улога во филмот на Мартин Скорсезе „Казино“ од 1995 година.
Прашана што значи за неа издржливоста, Стоун вели дека можеме да избереме да негодуваме и жалиме или да се радуваме.
-Мислам дека само треба да продолжите да ја избирате радоста, вели таа.