Познати Секоја чест за нив

ВИДЕО: Џеј Ло и Афлек снимени во кино, тоа што го направија по филмот изненади многумина

Нивниот потег воодушеви многумина, но некои го критикуваа авторот на видеото што ги снимил и ги објавил на Интернет.

ВИДЕО: Џеј Ло и Афлек снимени во кино, тоа што го направија по филмот изненади многумина

Џенифер Лопез и Бен Афлек се снимени во кино како заедно го гледаат филмот „Dune 2“, но она што го направија по прикажувањето на проекцијата изненади многумина.

На X беше споделено видео, на кое се гледа како парот, по гледањето на филмот, веднаш не ја напуштил салата, туку останал да ги исчисти остатоците од храна што ги оставиле.

Нивниот потег воодушеви многумина, но некои го критикуваа авторот на видеото што ги снимил и ги објавил на Интернет.

„Со ова покажаа дека дури и познатите се всушност само луѓе“, „Сум видел 100 пати како „обичните“ луѓе оставаат ѓубре и неред зад себе. Секоја чест за нив“, „Ова навистина ме изненади, многу луѓе не го прават тоа “, се дел од коментарите.

Споменатото видео за само еден ден собра 12 милиони прегледи.

Најнови вести од Познати

To top