Познати

ВИДЕО: Џеј Ло ги читала писмата на Афлек пред сите, поради тоа доби прекар со кој му се потсмеваат

ВИДЕО: Џеј Ло ги читала писмата на Афлек пред сите, поради тоа доби прекар со кој му се потсмеваат

Веста за разводот на Бен Афлек и Џенифер Лопез не ја изненади премногу јавноста.

Веќе некое време се претпоставуваше дека Бен Афлек и Џенифер Лопез се пред развод, а се пишуваше и дека овој пар долго време живее одвоено.

Интересно е што Џенифер снимила документарен филм за нивната љубов, а многумина се запрашаa дали во филмот е 26 април, денот кога Лопез го навела како почеток на крајот.

The Greatest Love Story Never Told е името на документарниот филм, а една сцена особено се прераскажува сега. Имено, во еден момент Афлек полудува бидејќи Џеј Ло им дозволила на своите соработници да ги читаат писмата кои тој и ги пишувал додека се уште бил во брак со Џенифер Гарнер.

Според филмот, Џенифер го дозволила тоа за нејзините соработници да најдат инспирација за нејзината идна песна во писмата.

-Книгата што и ја подарив беше долу. Таа рече: „Им ја читам на луѓето“. На сите тие музичари им ги покажа моите писма, а тие рекоа дека сега ме викаат Пен (пенкало) Афлек, Боже мој“, изјавил згрозено актерот пред камерите.

-Приватните работи за мене се светост, додаде тој.

Тој ѝ ја дал книгата со писма на нивниот прв заеднички Божиќ по нивното повторно стапување во врска.

To top