На Дино Мерлин му се слошило синоќа околу 21:00 часот во Башчаршија, поради што реагирала итната помош која за неколку минути дошла да го земе пејачот и го однела во болница.
Човек кој бил сведок на немилата ситуација го снимил пејачот како го носи екипата на Брза помош, а видеото погледнете го ТУКА.
Менаџмент: Сега е добро
-Дино е добро. Тој се чувствува добро. Беше болен, но сега му оди одлично. Тој е дома во Сараево – тврди неговиот менаџмент за Дневни аваз.
Сведоштво на лице кое било присутно кога пејачот бил однесен од Итна помош
– Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам, одвреме-навреме доаѓа во неговиот дуќан – изјавил човек кој бил очевидец.
– Јас и мојот пријател седевме во паркот спроти неговата продавница. Потоа видовме брза помош, влегоа во неговиот дуќан, а не долго потоа излезе со нив – објасни сведокот.
Со него цело време била неговата ќерка Наида, пишува 24сата.хр.