Познатиот готвач Гордон Ремзи имал тешка велосипедска несреќа во САД, пишува Би-Би-Си.
Ремзи на Инстаграм откри дека се чувствува потресен и ги покажа своите повреди.
Тој ја подигна престилка за да открие големи виолетови модринки на телото, повреда поради кои морал да побара лекарска помош.
View this post on Instagram
Ремзи ја истакна важноста од носење кацига.
-Не ми е грижа колку е кратко патувањето“, рече тој, додавајќи дека упатствата стануваат уште поважни кога станува збор за возење велосипед со деца, велејќи дека „тие мора да носат кацига“.
Тој на својот Инстаграм сподели и фотографија пред и потоа на која се гледа значително оштетување на кацигата. Славниот готвач изјави дека несреќата се случила во Конектикат и им се заблагодарил на трауматичарите и медицинските сестри во болницата Лоренс и Меморијал кои се грижеле за него.