Џенан Лончаревиќ раскажа за еден неописливо тешок настан кој го доживеал во 2008-ма година.
Имено, пејачот тогаш го загубил својот брат, а набрзо по неговата смрт морал да настапи за новогодишната ноќ.
За да не ја разочара својата публика, која очекуваше забава, тој ја криеше сета своја тага зад насмевката – така што никој не ни забележал дека нешто се случило.
-Ќе ви кажам еден детаљ што некои луѓе погрешно го протолкуваа, но само јас знам колку морав да се победам себеси во тој момент, раскажа во една прилика пејачот.
Устата му пеела, а душата му плачела. Не му било до славење, но тој е професионалец и не сакал да ги разочара луѓето кои платиле билет за со него да ја дочекаат новата година.
-Една новогодишна ноќ морав да излезам на сцената навидум среќн,е насмеан и одлично расположен. Морав да пеам цела ноќ и да создадам одлична атмосфера. Помалку од дваесет дена пред тоа, го загубив сопствениот брат, но не можев да го откажам настапот и не сакав да ги изневерам луѓето кои очекуваа одлична новогодишна ноќ. Велат дека било феноменално, но никој не знаел дека морам да се насмевнам за да ја прикријат неизмерната, неподнослива болка. Ретко зборувам за тоа, ретко се сеќавам на таа ноќ, но знам дека после неа многу работи веќе не беа исти, нагласи тогаш.
Да потсетиме, Џенан Лончаревиќ годинава се разведе од сопругата Самира со која беше во брак 25 години.