Поранешниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон бил каснат од ној за време на сафари во Тексас. Урнебесното видео кое неговата сопруга Кери Џонсон го сподели на социјалните мрежи насмеа многумина.
Семејството било во автомобилот кога животното им пришло и го каснало, по што тој изговорил пцости. До него бил неговиот петгодишен син Вилфред кој се насмеал на целата ситуација.
-Беше премногу смешно да не се сподели, напишала Кери Џонсон видеото.
View this post on Instagram
„Морам да признаам дека ова го гледав повеќе од еднаш“, „Го сакам ова видео. Ви благодарам што го објавивте“, „Борис е толку смешен. Се обложувам дека ве смее секој ден“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Ова не е првпат Борис Џонсон да доживее гаф. Во август 2012 година, додека беше градоначалник на Лондон, се заглави на зип-лајн за време на Олимписките игри. Тој висеше во воздух неколку минути додека не беше спасен.
Потоа, во октомври 2015 година, тој беше снимен како случајно соборува 10-годишно момче на под за време на пријателски рагби натпревар во Јапонија.