Меланија Трамп се врати на јавната сцена изминатиов викенд на гала забава организирана во семејниот имот Мар-а-Лаго на Флорида.
Тоа беше нејзино прво појавување откако неодамна почина нејзината мајка Амалија Кнавс. Видеата снимени на тој настан предизвикаа голем бум, особено поради однесувањето на славната двојка, Меланија и Доналд Трамп.
Снимено е нивното влегување во свечената сала, а потоа уште поинтригантни детали. Церемонијата беше организирана во чест на Доналд Трамп. Меланија Трамп не беше покрај него додека водеше бројни судски битки и водеше кампања за втор мандат во Белата куќа во изминатите месеци. Сепак, изворите велат дека неговата сопруга го поддржува и е подготвена повторно да стане прва дама на Америка – подготвена да остави свој белег во историјата.
Еден гостин на забавата рече дека Меланија Трамп била многу расположена цела вечер и дека е многу блиска со Доналд Трамп. Некои ќе кажат дека тоа се очекува од брачните партнери, меѓутоа, минатото на нивната врска значи дека оваа информација секогаш е добредојдена како изненадување, па дури и со сомнеж дека се е шоу за јавноста.
View this post on Instagram